Именувани нови управни и надзорни одбори во јавните установи во Куманово
Советот на Општина Куманово на последната седница ги именуваше новите членови на управните и надзорните одбори на јавните општински установи во Куманово.
Нови управни и надзорни тела добија Детската градинка „Ангел Шајче“, Библиотеката „Тане Георгиевски“, Домот за стари лица „Зафир Сајто“, Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“, како и еден претставник во Управниот одбор на Здравствениот дом Куманово.
Одборите се составени од претставници предложени од Општина Куманово, од внатрешни членови од самите установи, како и надворешни членови од советите на родители или корисници на услугите.
И оваа година, продолжи праксата на партиски именувања, најчесто без соодветна стручност за да придонесат во работењето на установите.
Во Детската градинка „Ангел Шајче“ членови на Управниот одбор се: Дејан Ристов, Ивана Ралиќ, Оливера Свилар, Жаклина Трајковска, Драгана Јосимовска и Шенѓеле Ќазими. Во Надзорниот одбор членуваат Виктор Николиќ, Дејан Цветковски, Маја Ристовска-Антевска, Емилија Алексовска и Иса Даути.
Во Библиотеката „Тане Георгиевски“ членови на Управниот одбор се: Марина Цветановска-Мартиновска, Шенор Османи, Марина Дапчевска, Маја Геровска и Христина Стојчевска. Во Надзорниот одбор се избрани Кети Димковска, Ивана Стоилковска, Сузана Николиќ, Куран Латифи и Ивана Стојковска.
Во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ за членови на Управниот одбор се избрани Тихомир Алексовски, Катрин Михајловиќ, Весна Коцевска, Сузана Спасиќ и Димитрија Аврамовски, додека во Надзорниот одбор членуваат Гордана Николиќ, Мартин Наковски и Фатмир Салиу.
Во Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ членови на Управниот одбор се Тијана Јакимовска-Стаменовска, Мартин Величковиќ и Слаѓан Станишковски.
Во Управниот одбор на Здравствениот дом Куманово за член е именувана Мирјана Протиќ-Младеновиќ.
За својата работа сите членови на управните и надзорните одбори добиваат хонорари од институциите во кои се назначени.