Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Имплементиран е проектот „Сите деца учат заедно- прекугранична мрежа на инклузивни училишта“, кој го реализираше Центарот за развој на Третиот Североисточен плански регион и Општина Дупница.
На завршната работилница во Куманово беа презентирани резултатите од проектот, кој се спроведуваше изминатите две години.
Направена е студија за деца со посебни потреби за сите нови и напредни техники за работа со овие деца. Главната активност беше изградбата на седум лифтови, пристапни рампи и специјални тоалети за деца со посебни потреби во седум училишта во нашиот регион, -изјави Младен Протиќ, раководител на ЦСИПР
Во проектот на инклузивно образование опфатени се седум основни училишта од североисточниот регион, од кои две во Куманово.
Проектот наиде на одличен прием кај вработените во образовните установи.
Во проектот на инклузивно образование опфатени се две основни училишта од Куманово „Толи Зордумис“ и „Бајрам Шабани“. Освен овозможување на пристап до училиштата за децата со посебни потреби и набавка на соодветна опрема беше спроведена и обука на наставниот кадар од двата региони,- рече проект менаџерот Денис Жерновски.
Учесниците се задоволни од реализацијата на проектот и во иднина планираат соработка и вклучување во нови проектни активности од оваа област.
Повеќе за резултатите од проектот „Сите деца учат заедно- прекугранична мрежа на инклузивни училишта“ можете да слушнете од разговорот со Младен Протиќ, раководител на ЦСИПР, проект менаџерот Денис Жерновски и Атина Мургашанска, заменик раководител во ЦСИПР.