Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Инкасанти на патарината Романовце издавале стари фискални сметки, а парите ги земале за себе. Откако еден српски државјанин се побунил, тие му го искршиле ветробранското стакло со безбол палка и сакале да го убијат.
Измамата со сметките се случила во август мината година, кога И.А.(39) од посебна просторија на патарина зел хартиена ролна од раздолжени контролни наплатени фискални сметки за претходните два дена во износ од 50.120 денари. Старите сметки им ги давал на возачите кои поминувале на наплатната рампа, а добиените пари ги присвоил. На 18 август И.А. на српски државјанин му дал сметка за платена патарина, а откако истиот реагирал дека на сметката стои стар датум, И.А. заедно со колегата И.Л.(29) излегле од кабината, по што И.А. со дрвена палка му го скршил ветробранското стакло од возилото, додека пак И.Л. му се заканувал по животот и му рекол веднаш да ја напушти Македонија.
И.А. ќе одговара за “злоупотреба на службена положба и овластување“, а неговиот колега И.Л за “насилство“ и “соизвршителство“.