×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Инклузива“ со нови услуги за помош и поддршка на децата со попреченост во Куманово

    08.10.2024 15:51 | KumanovoNews

    Лична асистенција на деца со попреченост и дневен центар за индивидуална работа со дечиња од 5 до 12 годишна возраст, се двете бесплатни услуги кои ги пружа Здружение за развој и промоција на инклузивно општество „Инклузива“ во реновираниот објект на поранешната месна заедница „11 Ноември“ во Куманово.

    „Инклузива“ со нови услуги за помош и поддршка на децата со попреченост во Куманово

    Центарот во моментот го посетува 41 дете кое добива индивидуални услуги, а тимот го сочинуваат 2 логопеди, 1 социјален едукатор-рехабилитатор, психолог и социјален работник.  

    „Она што ме радува е тоа што дечињата се пуштаат од родителите да дојдат тука и едвај излегуваат од овој центар, што значи дека овој објект им ја дава неопходната услуга, но и ја чувствуваат љубовта која ја пружаме секојдневно“, истакна Благица Димитровска, претседателка на здружението.

    Новиот објект е опремен со кабинет за индивидуална работа за лична асистенција и соба со сензорни елементи за развој на грубата моторика, развивање на концентрација и ментална стимулација, како и одредени вештини кај децата со попреченост. Постои и смирувачка соба со пријатна музика, светлосна стимулација за вознемирените деца. 

    Објектот е во сопственост на Општина Куманово, даден на користење на здружението, и реновиран за потребите на новата намена. Поставени се и пристапни рампи по сите стандарди и критериуми.

    Објектот е реновиран и опремен со средства обезбедени од Општина Куманово преку Програмата за социјална заштита, приватни компании и поединци од градот.