×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Инвестиции во водоснабдителните системи

    30.09.2014 13:54 | KumanovoNews

    Во кумановско - липковскиот регион ќе се потрошат најмалку 6 милиони  евра, од 2015 до 2025 година, за санација на водоснабдителните системи.

    Инвестиции во водоснабдителните системи

      Оваа го објавија од Управата за водостопанство на денешната средба со водокорисниците, од кои побараа предлози каде да се инвестира.

     Водокорисниците предложија да се санира и реконструира мрежата во селото Романовце и на уште некои други места. Ние ќе ги разгледаме нивните предлози и ќе ги земеме во предвид.  Треба да обезбедиме квалитетна вода за водокорисниците, колку им е потребна и во секое време. Без капиталните инвестиции за браните ќе бидат потрошени околу 6 милиони евра - рече Кадир Салих, директор на Управа за водостопанство на Република Македонија.

      Со прокетот ќе се ревитализираат, санираат и доградуваат постојните системи за да се подобри услугата кон земјоделците. Бидејќи во наредните 20 години се очекува недостаток на вода и моментално има големи загуби на вода, Владата ќе инвестира во нови зафати.

    Дадовме свој придонес и треба да изработиме проектна документација. Дел од таа проектна документација е веќе изработена. Ќе дадеме иницијативи за можни зафати. Ќе сториме се да се ревитализираат и малите мини системи во Довезенце , Јачинце, Шупли Камен и во другите општини Ранковце, Старо Нагоричане - вели Филип Филиповски, директор на Водостопанство “Кумановско - липковско поле“.

    Водокорисниците се пожалија дека во високите зони притисокот на вода е доста слаб и неможе да се користи. Вакви јавни расправи ќе има низ цела Македонија со цел да се направи поквалитетен Акционен план за период 2015 - 2025 година.