×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Инженерка заверила одобрение со лажни податоци

    02.07.2015 11:38 | KumanovoNews

    Н.Т.(49) од Куманово, вработена како инженер изготвила и заверила одобрение со лажни податоци.

    Инженерка заверила одобрение со лажни податоци

    Таа како главен надзорен инжињер, при градба на семејна куќа во Куманово, сопственост на С.П. од Куманово, постапила спротивно на основниот проект за градба и на добиеното одобрение од страна на Сектор за урбанизам. Taa изготвила и заверила одобрение за употреба во кое внела невистинити податоци. Истото го приложила во Секторот за урбанизам во општина Куманово, заради запишување во катастарот на недвижности. На ваков начин Н.Т. овозможила инвеститорот да прибави противправна имотна корист од 15.798.135 денари, преку продажба на станбените простории.

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Н.Т., поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела, несовесно работење во службата  и фалсификување на службена исправа.