×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ИПА регион Куманово донираше пакетчиња за корисниците на Дневниот центар за лица со посебни потреби

    26.12.2023 18:14 | Оливера Пешевска

    Новогодишни пакетчиња за корисниците на Дневен центар за лица со посебни потреби донираa челнови на ИПА регион Куманово, во соработка со општинскиот Црвен крст. Хуманитарната акција, претставува прва официјална активност на Комисија за млади, спорт и култура на ИПА Регион Куманово.

    ИПА регион Куманово донираше пакетчиња за корисниците на Дневниот центар за лица со посебни потреби

    Претставници на Комисијата за млади, спорт и култура: Гоце Николовски,претседател, Милош Спасиќ, координатор за спорт и Марија Петковска, координатор за млади се најзаслужни за спроведување на ова акција.

    „Донацијата е набавена од парични средства соберени како добороволен прилог за време на одржувањето на годишното собрание на ИПА Регион Куманово на почетокот на ноември. Претходно, новогодишни пакетчиња беа донирани и на Општинската организација на Црвен крст Куманово“ истакна Гоце Николовски.

    Комисијата на здружението за наредната 2024 година планира да одржи меѓународен, меморијален, шаховски турнир Мартин Петковски и уште една хуманитарна организација во соработка со Црвен крст, по повод 7 Мај- Денот на полицијата. Календарот е отворен и тоа нема да бидат единствени активности на новоформираниот орган на асоцијацијата.

    Дневниот центар за лица со посебни потреби опслужува околу 20 корисници кои секојдневно го посетуваат, и се работи на нивна рехабилитација и ресоцијализација. Започнал со работа од 2005 на територија на Општина Куманово. Во центарот работат лиценцирани даватели на јавна услуга, но и центарот ги има потребните лиценци за згрижување на корисници. Тој е под ингеренција на Центарот за социјални работи од Куманово, а функционирањето се финансира од Министерството за труд и социјална политика.

    „Секоја донација ни е добредојдена, со некои донатори имаме долгогодишно партнерство, сега почнуваме соработка со полициската асоцијација и се надевам дека и ова соработка ќе продолжи, на обострано задоволство. Ние секогаш сме отворени за соработка“, потенцираше дефектологот Сандра Крстевска- Саревска.

     ИПА Македонија е меѓународно полициско здружение во кое членуваат вработените во МВР, вработените во останатите безбедносни агенции кои произлегуваат од МВР, како и пензионирани и поранешни припадници од МВР. Регионалниот огранок Куманово брои преку 700 членови, а од неодамна е формирана и Комисија за млади, спорт и култура.