×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Исклучена струја во повеќе училишта во градот

    15.08.2014 13:10 | KumanovoNews

    Неколку основни училишта, и средното училиште “Перо Наков“, останаа без електрична енергија откако ЕВН ја исклучи, поради неплатени сметки.

    Исклучена струја во повеќе училишта во градот

    Од општина Куманово тврдат дека училиштата се исклучени од системот за напојување со електрична енергија, поради тоа што им доцнат блок дотациите кои ги исплаќа Владата. Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска се сретнал со претставници на ЕВН и привремено постигнале договор да се пушти струјата, но бара блок дотациите да се зголемат, бидејќи во спротивно проблемот ќе се повтори.

    “Владата на ЕВН му должи повеќе од 22 милиони евра и се работи за неисплатени долгови не само кон јавни претрпријатија и установи, туку и кон училиштата. Не се исклучени само училиштата во Куманово, туку над сто училишта и неколку студентски домови во државата. Станува јасно дека ЕВН сака да превземе сериозен чекор во наплаќање на доспеаните долгови,- изјави градоначалникот.  

    Тој апелира Министерството за образование да ги зголеми наменските дотации за образованието, поради тоа што трошоците за нафта и електрична енергија во училиштата се зголемени поради ценовниот раст, а дотациите со години не се променети.