Исплатени субвенции на земјоделците
19.03.2012 11:22
| KumanovoNews
Министерството за финасии исплатило 198 милиони денари субвенции за површини со полјоделски култури.

Сретствата се наменети за 12.624 земјоделци, кои имаат засеани површини со пченица, јачмен, ориз, сончоглед и со луцерка, а поднеле барање според програмата за финасиска подршка на земјоделството за 2011 година. Најголеми исплати за земјоделците има во Битола, Кочани и Тетово.