500x100-1
22. 10. 2019 10:57

„Испринтај ја својата фантазија“ меѓу петте најдобри училишни проекти во државата

„Испринтај ја својата фантазија“ меѓу петте најдобри училишни проекти во државата

 Проектот „Испринтај ја својата фантазија“ за изработка на протези за миленичиња и поилки за птици, на учениците од ООУ „Крсте Мисирков“, е еден од петте иновативни проекти кои се наградени во државата.

Училиштето доби гранд за реализацијата на проектот, од страна на Фондот за иновации и технолошки развој.

Идејата за овој проектот е на најмладите, согледана од два аспекти. Учество и реализација во модерната технологија на креативен и иновативен начин, а потоа и исполнување на хуманиот дел.

„Да бидеш најдобар во државата и да влезеш во топ пет проекти, презентирајќи пред стручно жири кое ќе те оцени со најголеми оценки е една многу убава, но и макотрпна работа, затоа јас сум презадоволен и сум им благодарен на учениците и на менторите за нивната работа и посветеност“,- изјави Александар Јовановиќ, директорот на ОУ „Крсте Мисирков“ во Куманово.

Учениците се изборија за своето место и покрај големата конкуренција и од средните училишта.

„Со овој проект, сакаме да покажеме дека во ова модерно време, со технологијата може некому и да му се помогне, т.е да се создадат 3Д модели на протези за миленичиња и поилки за птици, за помагање на миленичињата кои немаат екстремитети“, - велат учениците.

Ова е веќе втора година како училиштето, сериозно работи на развивање на креативните методи за подобрување на општеството. Такви се проектите „Хидропонична градина“ во кој станува збор за безпочвено одгледување на растенија, за кои ќе се грижат самите ученици, кој е во финалната фаза, како и проектот „Смарт градина“, со мото „Паметна училишна градина за здрава младина“.

„Ова е уште еден од низата на проекти на коишто аплициравме на јавен повик. Во проектот „Испринтај ја својата фантазија“, станува збор за креирање на 3Д модели на протези за миленичиња и поилки за птици, од стана на учениците. Ова креативно решение, не само што ќе има своја примена во наставата како наставно помагало, туку со него ќе се помагне и на домашните миленичиња кои изгубиле некој екстремитет“,- вели Емилија Поп Глигорова, професорка по биологија во истоименото училиште.

За подготовка на овој проект учениците ја имаа целосната поддршка на нивните професори и ментори, Емилија Поп Глигорова и Бобан Поповски. За иновативни проекти од овој конкурс училиштата од целата држава добија грантови од шест милиони денари.

„Испринтај ја својата фантазија“ меѓу петте најдобри училишни проекти во државата