×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Истече првиот рок за воведување на фискален апарат со ГПРС уред

    03.11.2014 08:41 | KumanovoNews

    Oколу 5.000 обврзници воопшто не ја отпочнаа постапката за воведување на фискален апарат со ГПРС уред, иако во петокот истече првиот рок.

    Истече првиот рок за воведување на фискален апарат со ГПРС уред

    УЈП постојано упатуваше апели од УЈП, преку средствата за информирање, а достави и персонализирани известувања до даночните обврзници за навремена регистрација и воведување на фискален апарат со ГПРС уред.

    Потсетуваме дека во првиот рок до 31 октомври 2014 година, обврска да воведат фискален апарат со ГПРС имаат даночни обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, понатаму обврзници кои вршат угостителска дејност и кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи). Вториот рок е 31 јануари 2015 година, а се однесува за сите останати обврзници.

    Законот предвидува времена мерка забрана за вршење на дејност и парични глоби за правното лице и одговорното лице, доколку немаат воведено фискален систем со ГПРС.