Истекува рокот за барања за паушално оданочување за земјоделците
01.02.2016 13:14
| KumanovoNews
Рокот за поднесување на годишни извештаи за персонален данок и барања за паушално оданочување на земјоделците истекува денеска, информираат од Управата за јавни приходи.

Согласно законот, даночните обврзници можат и денеска да ги поднесуваат Годишните извештаи ПДД-ГИ, ПДД-ГИ/ОЗП, ПДД-ГИ/ОЦО, ПДД/ГИ-ЗП и барањата за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност ПДД-ПЗ, бидејќи последниот рок за овие пријави се падна во недела кога е неработен ден.