Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
С.П.(33) и Д.М.(33), двајцата од Куманово, тепале татко и син, сопственици на бензинската пумпа „Армо Петрол„ во селото Војник.
Во април годинава, околу 01,00 часот, напаѓачите дошле на бензинската пумпа „Армо Петрол“ сопственост на О.Д.(29) и неговиот татко С.Д.(55). При тоа насилно влегле во ресторанот и без повод и причина физички го нападнале синот, удирајќи го со тупаници по главата и телото. Таткото се обидел да ги спречи насилниците,но тие физички го нападнале и него нанесувајќи му телесни повреди.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.П и Д.М. за сторено кривично дело „насилство“.