Италијанскиот амбасадор во посета на Куманово
22.02.2017 15:45
| KumanovoNews
Амбасадорот на Република Италија, Карло Ромео денеска беше во посета на Општина Куманово каде се сретна со градоначалникот Зоран Дамјановски, при што разговараше за работата во локалната самоуправа, економската и политичката состојба во државата.
„Во Куманово поголемите инвестиции во минатите 10 години беа италијански, а италијанскиот јазик се изучува во неколку основни и средни училишта. Значи имаме извонредна економска и културна соработка“, - изјави Дамјановски.
Амбасадорот на Италија истакна дека му е чест што првпат доаѓа во Куманово по неговото доаѓање во Македонија. Покрај општината ја посети и фабриката Чик, како и гиманзијата Гоце Делчев, каде се изучува италијанскиот јазик.

