×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Итната помош „плаче„ за нови возила

    08.08.2012 07:42 | KumanovoNews

     Итната помош располага само со две стари возила со кои ги опслужува граѓаните на општините Куманово, Старо Нагоричене и Липково.

    Итната помош „плаче„ за нови возила

    Итната медицинска помош во Куманово со години кубури со возила. Вработените се жалат дека проблемот е особено изразен во летниот период, кога имаат повеќе работа, а со двете стари возила неможат да покријат подрачје со 150.000 луѓе. Тие објаснуваат дека постојано добиваат ветување за обновување на возниот парк, но досега ништо не е реализирано.

    Ни фалат уште две возила. Овие со кои располагаме се дотрајани и често се во дефект. Физички не е можно навреме да ги опслужиме граѓаните само со две возила и често се доцни. А и да ни дадат нови возила, ние сме само две екипи и пак нема да функционираме како што треба. Ни фали и персонал. Затоа имаме многу поплаки од граѓаните - револтирано раскажуваат лекарите.

    Здравствен дом Куманово пред извесно време самиот го купил едно возила, додека пред три години во повеќето мали градови се поделени нови возила. Куманово го одминале.Вработените сметаат дека не е коректно најмногу да се вложува во здравствените установи во Битола и Скопје, а Куманово иако е втор град по големина да остане со Брза помош која работи во катастрофални услови. Лекарите се жалат дека се преоптоварени со работа, бидејќи за викенди матичните лекари не работат и пациентите се обраќаат кај нив.