Избирачките одбори поминаа обука за изборниот процес
08.04.2014 09:22
| KumanovoNews
Членовите на избирачките одбори викендов следеа обука новините во гласачкиот процес.
Обуката беше за новините кои произвлегуваат од Изборниот закон. Имаме нови дополнителни 39 избирачки места и оваа година согласно измените повеќе не се употребуваат спрејови и ув ламби, туку ќе се практикува маркер со кој ќе бидат обележани гласачите кои што ќе дојдат да го остварат своето право - изјави Виолета Арсовска, претседателка на Општинска изборна комисија.
Во Општина Куманово има вкупно 167 избирачки места и исто толку избирачки одбори.
За два дена ОИК ќе го прочисти списокот со болни лица пријавени за гласање и ќе го достави до ДИК.