Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две девојки од Здружението на глуви и наглуви од Куманово во наредните три дена во Охрид ќе се натпреваруваат за избор на мис, а паралелно со тоа членови на здружението ќе учествуваат на маскенбал.
Пријавени се две девојки за избор на мис. Основен критериум за нив е да бидат на возраст од 17 до 26 години. Онаа која ќе победи, понатаму оди на изборот за мис на Европа за девојки со оштетен слух и говор кој ќе се оддржи во Чешка. За маскенбалот се пријавија пет члена, има детски маски, маски за возрасни - велат од здружението.
Изборот на мис има традиција од десет години, а маскенбалот лицата со оштетен слух го организираат повеќе од 30 години.