×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изборот на партнер е тешка животна задача

    27.10.2015 15:17 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ синоќа се одржа трибина  на тема “Избор  на партнер предестинација или слободна волја“, на која беше кажано дека изборот на партнер е тешка задача, а брзиот и лесен избор на партнер носи сериозни последици.

    Изборот на партнер е тешка животна задача

    Гешталт психотерапевтот Јасминка Наумовска вели дека се зголемува бројот на разводи, а  бројот на склучени бракови опаѓа. Од друга страна постојат многу луѓе кои не се во љубовна врска или луѓе кои се во формални бракови.

    Има голем број на формални бракови, кои се одржуваат заради децата, заради сликата која ја градат пред другите, внатрешни конфликти итн. Мал е бројот на оние кои во бракот имаат исполнетост , поддршка и љубов. Да се избере партнер не е лесна работа и оние кои на лесен начин го прават тоа брзо се покајуваат, а последиците се далекусежни. Современите луѓе, оние кои шетаат по улиците или седат по кафулињата градат јалови врски, во кои нема поддршка, љубов и прифаќање. Кај нив е присутен стравот, а таму каде што стравот ја отвара вратата, љубовта ја затвора - рече Наумовска.

    Наумовска вели дека луѓето веќе не веруваат во љубовта и мислат дека таа постои само во бајките. Таа смета дека ваквата состојба е алармантна и работите мора да се менуваат.

    На трибината говореа и Горан Стевчевски, м-р по психолошки науки и Зоран Ѓорѓиевски, професор по филозофија.