Избрани шефовите на изборните штабови на СДСМ
05.12.2015 09:42
| KumanovoNews
СДСМ ги избра шефовите на региналниот и општинскиот штаб за парламентарните избори.

Мартин Костовски,претседател на општинската организација на СДСМ ќе раководи со општинскиот изборен штаб на СДСМ во Куманово.
Претседател на регионалниот изборен штаб на партијата е Александар Арсиќ, актуелен советник и координатор на советничката група на СДСМ во Советот на општина Куманово.
Предвремените парламентарни избори се закажани за 24 април следната година.