×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изгаснат пожарот во Длабочица, изгореле 50 хектари дабова и борова шума (видео)

    04.07.2025 09:39 | KumanovoNews

    Пожарот кои два дена беснееше во атарот на селото Длабочица во општина Старо Нагоричане синоќа е изгаснат. 

    Според информацијата на Противпожарната единица на Старо Нагоричене пожарот е локализиран околу 19 часот, а целосно е изгаснат во 21 часот. 

    „Пожарот настана во среда околу 13 часот, а изгаснат е вчера во 21.00 часот. Опожарени се околу 50 хектари на мешана шума бор и даб. Во гаснењето интрвенирале 7 пожарникари со 2ПП возила и 13 вработени од Шумско стопанство, членови на Здружението „Карпино“, вработени во Општина Старо Нагоричане и 10-тина мештани од с. Длабочица. Пожарот е локализиран во 19 часот, но постоеше опасност на неколку точки повторно да се разгори бидејќи имаше дрва со поголем обем кои се уште не беа целосно изгаснати. Затоа од Шумско стопанство Куманово со 5 вработени дежураа за да не се разгори огнот. Околу 21 часот пожарот бил целосно изгаснат , изјави Далибор Трајковски, командир на ТППЕ Старо Нагоричане.

    Пожарникарите имале интервенција и во с.Коинце на запалена стара племња од 17:15 до 20:00часот со 1ПП возило и 2 пожарникари.

    Во атарите на с.Ваксинце и с.Слупчане вчера  била опожарена сува трева, житни култури, лојзе, нискостеблеста шума со површина од околу 50 хектари. Интервенирано е од 15:15 до 20:40 часот со 2ПП возила и 4 пожарникари. Во гаснењето на пожарот интервенирале и мештаните.

    Изгаснат пожарот во Длабочица, изгореле 50 хектари дабова и борова шума (видео)