×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изгласан ребаланс на буџетот за 2015 година

    04.11.2015 15:37 | KumanovoNews

    На денешната седница на Советот на општина Куманово е изгласан ребаланс на буџетот за 2015 година.

    Изгласан ребаланс на буџетот за 2015 година

    Скратени се 219.533 милиони денари од повеќе ставки, а она што останува нереализирано ќе се префрли за идната година. Советниците од Коалицијата За подобра Македонија ја критикуваа општината и градоначалникот, Зоран Дамјановски дека се носи нереален буџет, а потоа голем дел од планираното не се реализира и се крати од изградба на улици, канализација, водоводна мрежа, култура, спорт.

    Се кратат ставки и се префрлаат за следната предизборна година. За семафорска сигнализација и одржување се префрла за следната година, исто и за градинките кои знаете дека се рак рана на Куманово. Единствено за што постои интерес е за „Куманово-гас“ и таму се зголемуваат сумите - вели Мирослав Стојановски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

    На овие обвинувања градоначалникот Дамјановски објасни дека е неопходно да се скратат средствата затоа што се во тешка финансиска состојба и поради отплаќање на долгови за судски пресуди, но и поради немањето фискална децентрализација.

    Во Македонија не постои фискална децентрализација. Значи тоа дефинитивно зборува дека штом немаш фискална децентрализација, ослободување и креирање на локалниот економски развој, не можеш да формираш стабилен децентрализиран систем и многу често сме доведени во ваква ситуацијата да програмите ги префрлуваме за наредната година од разбирливи причини - рече Дамјановски.

    Тој вели дека развојните програми се темелат на потребите на граѓаните, но она што не може да се реализира останува за догодина.