Пожар во барака во Транзитниот центар за мигранти во Табановце
03.09.2025 15:13
| KumanovoNews
Опожарена е барака во Транзитниот центар за мигранти во Табановце.

„Вчера било пријавено дека околу 15:45 часот во Транзитен центар Табановце настанал пожар во барака сопственост на Центарот за управување со кризи. Повредени лица нема, а од екипа на Територијалната противпожарната единица Куманово пожарот бил изгаснат“,сопшти МВР.
Пожарникарите интервенирале во Транзитен центар за мигранти, во периодот од 15:43 до 16:35 часот со 1 возило и 4 пожарникари.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
(Фото. архива)