Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Станарите во зградата на улица “Боро Прцан“ бр.29 пет дена се без струја, откако во петокот во голем пожар изгореле струјометите и заедничката електрична инсталација.
Пожарот избувнал на приземјето околу 6.30 часот на еден од струјомерите, а потоа се проширил на останата електрична инсталација. Станарите прво слушнале силна експлозија, а потоа во ходниците почнал да се шири густ чад. Веднаш повикале противпожарна екипа и за еден час пожарот бил локализиран. Присебноста на станарите довела да нема повредени или затруени во пожарот.
Чад имаше до последниот кат и беше многу страшно. Тргнав од трети кон втори кат за да излезам и можев да се угушам.Викнавме екипа од ЕВН и баш сме разочарани бидејќи стигнаа по еден час.Тие требаше први да стигнат, а стигнаа последни. Становите ни беа полни со чад и можеби има и кабли оштетени кај нас. Одлучив денеска да земам шпорет на дрва и нешто да подготвиме додека да дојде струјата. - раскажува потресено Мирка Николиќ.
Во станот на првиот кат, кој се наоѓа над струјомерите испукал ѕидот, а сопствениците се сомневаат дека и електричните апарати се расипани од пожарот. Поради немење струја ќе се одмрзне храната во фрижидерите затоа апелираат до надлежните што побрзо да го отстранат дефектот.
Кога ќе дојде струја ќе видиме дали има расипано нешто од апаратите. Сигурно ќе има бидејќи експлозијата била многу силна. - рече Силвана Ристиќ.
Синоќа станарите оддржале состанок за да се договорат како ќе го санираат дефектот со електричната енергија.