Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пет социјално загрозени семејства останаа на улица откако во пожар изгоре дел од куќа на улица “27 март“ бр.50.
Зградата се наоѓа зад Црвен Крст е во државна сопственост.Оние кои денеска ги затекнавме кај опожарената зграда, велат дека за време на пожарот не биле во објектот. Се сомневаат дека пожарот е предизвикан од старата инсталација.
Утрово во 6.30 часот дојдов и многу сум потресена. Сега кога ќе почне да врне, плафонот целосно ќе падне. Јас моментално живеам сама, ќерката е мажена и ги очекувам да дојдат, ама каде ќе ми дојдат. Би ги замолила граѓаните, институциите, премиерот да ни помогнат ако се во можност бидејќи навистина сме загрозени - рече Васка Доцевска, станар во зградата.
Во меѓувреме станарите од оваа зграда се сместиле кај роднини, бидејќи во објектот нема услови за живеење.
Пожарот избувнал вчера во 16 часот, по што интервенирала пожарната единица и го изгаснала огнот.