Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пожарот го предизвикал земјоделец кој запалил стрниште влечејќи запалена гума со трактор, а кога видел дека силниот ветер го проширил огнот на околните ниви и отпадот за пластика, побегнал.
Над 800 тони отпадна пластика наменета за производство на гориво изгорела во голем пожар во м.в. Краста во атарот на селото Пчиња. Газдата на отпадот Лазар Таневски вели дека му е направена штета над 600 иљади евра, а имотот не е осигуран.
Денеска требаше да започнеме со пробно производство на гориво од пластика и ќе добивавме 500 тони гориво месечно. Изгоре пластиката што ја собирав 5 години и се друго што е неопходно за нормално одвивање на процесот. Успејавме да го спасиме само погонот за производство на нафта ама без репрометерјали не можам да работам- вели Таневски, сопственик на фирмата „Екоплас-петрол„ Куманово.
Според неговото кажување, пожарот го предизвикал земјоделец кој запалил стрниште влечејќи запалена гума со трактор, а кога видел дека силниот ветер го проширил огнот на околните ниви и отпадот за пластика, побегнал. Таневски обвинува дека противпожарните екипи задоцниле еден час од пријавувањето, па пожарот се проширил по што го гаснеле близу 48 часа. На згариштето сеуште чади недогорената пластика.
Огнената стихија однесе и 5 автомобили, трафостаница, 6 бандери, два објекта, 11 цистерни гориво, лозје, овоштарник, 2-3 илјади бали слама и неколку десетини хектари стрниште и сува трева.
Таневска за големата штета ќе бара оштета од државата, а размислува бизнисот да го пресели во Бугарија затоа што овде не наишол на подршка од надлежните институции.