Изгоре плевна во Табановце
Во голем пожар синоќа изгорела плавна во селото Табановце. При тоа изгорела поголема количина на слама, сено и даски.

Противпожарната единица интервенираше од 21 часот, а пожарот е локализиран во 4 часот утринава. Плевната била со димензии 13 на 15 метри, имало бали слама, даски за градба, сено, се е тоа материјал што брзо гори и тешко се гаси. Спасен е трактор, косалка и четири крави. Интервениравме со три возила кои се враќаа по два пати по вода. Вклучени беа три пожарникари, тоа е скоро цела смена - вели Дејан Илиевски, командир на противпожарна единица.
Полицијата ќе ги утврди причините за настанување на пожарот и материјалната штета.