Изгоре помошен објект во касарната во Карпош
21.11.2015 16:27
| KumanovoNews
Во голем пожар денеска изгоре еден од напуштените објекти во касарната во населбата Карпош.

Пожарот избувнал во 14 часот, во дрвена барака која била наполнета со слама. Огнот го забележале жителите од околните куќи и повикале пожарна. Додека пристигнала пожарната единици оганот се расишил на кровот и го пеплосал објектот.
Касарната во населбата Карпош неодамна Владата ја додели на јавното претпријатие Шумското стопанство, но не се знае кога тоа ќе ја превземе и ќе стопанисува со неа.