Изгоре „шаран„ во населбата Карпош
08.05.2014 07:22
| KumanovoNews
Возило “фолсфаген шаран“ ноќеска се запалило и изгорело на улицата “100“ во населба Карпош.

Прожарот избувнал околу 3 часот по полноќ, по што интервенирала противпожарната единица и го изгаснала огнот за педесетина минути.
- Возилото било оставено на улица, само се запалило и внатре немало патници. Предизвикана е материјална штета, возилото е доста оштетено. Причините кои довеле до појава на огнот не се познати - вели Деан Илиевски, командир на Противпожарна единица Куманово.
Запаленото возило го забележал случаен минувач и тој пријавил во пожарна.