×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изградба на откупен земјоделски центар во Куманово, најави Слаѓана Антиќ, кандидатка за советничка od СДСМ

    10.10.2025 13:07 | KumanovoNews

    Една од најважните и најконкретни иницијативи во нашата програма е изградба на oткупен земјоделски центар во Куманово, најави Слаѓана Антиќ, кандидатка за советничка во Советот на Општина Куманово од СДСМ и коалицијата.

     

    Изградба на откупен земјоделски центар во Куманово, најави Слаѓана Антиќ, кандидатка за советничка od СДСМ

    „Куманово отсекогаш било место на вредни луѓе, луѓе кои создаваат род и заслужуваат фер можност тој род да биде продаден по достоинствена цена. Овој проект опфаќа: изградба на простори за прием и сортирање производи, складишни капацитети со современи системи за чување и конзервација, административен дел за управување и техничка поддршка, логистички капацитети за дистрибуција и транспорт, обезбедување инфраструктура за лабораториски контроли и квалитетни простории за обука и едукација на земјоделците“, кажа Антиќ.

    Според неа, планираниот рок за завршување на овој проект е од 24 до 36 месеци со фазна реализација. Буџетот за реализација изнесува 30.000.000 денари, во кој се вклучени материјали, изведба и технички надзор.

    „Со овој откупен центар создаваме сигурен пласман за земјоделските производи, го поттикнуваме локалниот економски развој и ја зголемуваме вработеноста- особено меѓу младите и жените од руралните средини. Се бориме за Куманово да биде место каде што секој труд се вреднува, а земјоделците добиваат поддршка, не ветувања“, додаде Антиќ.