Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Проевце, Пелинце, Студена Вода, Градиште се само дел од излетничките места на кои кумановци ќе бидат за престојните Првомајски празници.
Денеска се слави Меѓународниот ден на трудот Први Мај. Наместо на протести, повеќето македонски граѓани денот ќе го поминат на излет со скара. Кумановци празникот ќе го прослават на излетничките места. Иако Куманово не може да се пофали со многу уредени туристички места и викенд населби, сепак за среќа, околнината на градот изобилува со недоплена природа и широки полјанки по течението на реката Пчиња, кои можат да се искористат за пикник. Доколку сеуште не сте одлучиле каде да го поминете денешниот ден еве неколку препораки од луѓето кои ги водат туризмот во локалната самоуправа.
Порано се одеше во Провце и на Студена вода, потоа излетиштата по течението на реката Пчиња, Шупли Камен, Војник, Челопе и Пелинце. Доста млади луѓе заминуваат во манастирите Градиште и Габреш, црквата Свети Илија во селото Орашац и црквениот коплекс во Скачковце. Граѓаните од Општина Липково се најчесто на браната Ликово и Глажња, - изјава Зоран Павловски, раководител во секторот за туризам.
Традиционално кумановци, најчесто престојуваат на единственото уредено излетиште во рекреативниот центар Пелинце, каде има услови за кампување и може да се остане и по неколку дена.
Од општината велат дека работат на откривање на нови туристички потенцијали, меѓу кои и Бислимската клисура, манастирот во селото Бељковце и други места, кои наскоро ќе добијат јавна презентација.