Излезе од печат збирката “Пеј срце“
07.08.2012 07:56
| KumanovoNews
Претседателката на Друштвото на писатели во Куманово, Божана Трајковска ја издаде својата шеста по ред книга, односно збирка поезија насловена како “Пеј срце“.

Збирката е поделена во неколку циклуси. Имам родољубна поезија, психолошки песни, а за љубовните да не спомнувам , тие ми се бисери. Годинава земав прва награда во општина Илинден на нивиот конкурс, а сега и на друг конкурс праќам раскази. Уште четири мои книги се ставени на цд и чекаат да бидат отпечатени. Јас сум фокусирана на поезија и раскази - вели Трајковска.
Стихозбирката “Пеј срце“ ќе биде промовирана во октомври.