Мени

Излезноста до 13 часот во Куманово е 13,34 отсто

02.11.2025 14:34 | KumanovoNews

Во Куманово излезноста на гласање до 13 часот е 13,34 отсто.

Излезноста до 13 часот во Куманово е 13,34 отсто

Правото на глас го искористиле 12.470 гласачи на општина Куманово.

На ниво на државата излезноста до 13 часот изнесува 18 отсто, при што гласале 182.436 граѓани.

Во Куманово се гласа на 164 избирачки места, а право на глас имаат 93.889 гласачи.