Излезноста до 18.30 часот во Куманово е 33,43 отсто
02.11.2025 19:26
| KumanovoNews
Во Куманово излезноста во 18.30 часот во вториот круг на локалните избори е 33,43 отсто.
Правото на глас го искористиле 24.967 гласачи.
Во Куманово се гласаше за кандидатите Максим Димитриевски и Горан Стојковски Диро.
На ниво на државата излезноста изнесува 40.45 oтсто, при што гласале 401.529 граѓани.
Во Куманово се гласа на 164 избирачки места, а право на глас имаат 93.889 гласачи.
Во вториот круг од локалните избори се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Право на глас на 1.771 избирачко место имаат 1.013.375 граѓани.






