Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Уметничката галерија утревечер во 19.30 часот, ќе биде отворена ретроспективната изложба 40 години ликовна колонија “Куманово“.
На изложбата ќе бидат поставени над 50 ликовни дела - избор од фондот на ликовната колонија, од нејзиното формирање од 1974 година до последната сесија во 2014 година. Изложбата ја реализира Музеј Куманово под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово.