×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на цртежи од ликовниот камп “АСНОМ 2013“

    20.06.2013 13:22 | KumanovoNews

    Во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, денеска беше отворена изложбата на цртежи од Детскиот ликовен камп “АСНОМ 2013“.

    Изложба на цртежи од ликовниот камп “АСНОМ 2013“

    На затварањето на кампот градоначалникот Зоран Дамјановски подели благодарници на 13 ученика кои твореа изминатите 4 дена.

    Ќе се потрудиме наредната година да направиме интернационална ликовна колонија за млади со учесници од нашите збратимени градови ширум Балканот. Да го следиме примерот на интернационалните колонии како што се Карпино и Пелинце, бидејќи тука учествуваат многу значајни и признати уметници и повеќето се од Југоисточна Европа или Балкан.  - изјави Дамјановски.

    Децата изработија уметнички дела во повеќе техники.

    Се работеше во три подрачја и тоа дизајн, анимација, анимиран филм, групна работа, сликање на платно, графика техника монотипија. Се помина во најдобар ред, имаше убава атмосфера. Нашите ученици можат да кажат колку се задоволни и наредната година може да го направиме ова на државно ниво - вели Магда Величковска, професор по ликовно во ОУ“Вук Караџиќ“.

    Учениците се задоволни затоа што имаа простор да ги покажат своите ликовни способности и да се дружат.

    Прекрасно си поминавме. Кога ми кажаа дека ќе одам на ликовен камп, помислив дека тоа ќе биде нешто строго, цртање, но се испостави дека целта е запознавање и дружење со други деца. Сите работеа со акрилни бои, јас работев со пастели. Професорката ми рече дека поубаво цртам со пастели и го нацртав Џокер кој е мој омилен лик од цртаните серии - рече Александар Спасиќ, ученик од ОУ“Вук Караџиќ“.

    Детскиот ликовен камп “АСНОМ 2013“ се оддржува трета година по ред под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, во организација на Фондацијата за спорт и култура.

    Детските цртежи ќе бидат изложени На Ноемвриските денови, по повод денот на градот ќе се организира продажна изложба на детските цртежи, а собраните пари ќе се донираат за лицата со посебни потреби.