Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Биенална изложба на цртежи “Скици 2012“ се отвара утревечер во 19.30 часот во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“.
На изложбата ќе бидат претставени дела од академските сликари Момчило Аврамовски, Борис Кукуњавски, Трајко Тошевски, Марија Величковска, Дејан Арсовски - Бабата, Зоран Арсовски - Бабата, Милена Христовска и Далибор Крстевски. Цртежите се работени со пастел, акрил, комбинирана техника и со молив.
Последниве години се актуелизира цртежот на македонската ликовна сцена.
Изложбата ќе биде поставена до 5 ноември,а потоа ќе биде претставена во неколку галерии низ Македонија.