×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на дела од конкурсот за ученици “Мојот имагинарен свет”

    05.05.2023 08:44 | Сузана Николиќ

    Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ денеска во 12 часот каде  биде отворена изложба на цртежи од ликовниот конкурс “Мојот имагинарен свет”, на  ученици од основни и средни училишта во Куманово.

    Изложба на дела од конкурсот за ученици “Мојот имагинарен свет”

    На конкурсот пристигнале околу 150 цртежи од кои комисијата составена од Ликовниот сектор при НУЦК “Трајко Прокопиев” Куманово направила селекција на делата кои ќе бидат изложени на изложбата, како и на делата кои ќе бидат наградени.

    Наградени тудови за средни училишта:
    Прво место - Исидора Божиновска III-1, СОУ “Перо Наков” – Куманово
    ментор проф. Милена Арсовска

    Второ место - Никола Василевски II-6, СОУ Гимназија “Гоце Делчев” – Куманово                                                                                    ментор проф. Валентина Јовановска

    Трето место - Ељза Лимани I-6, СОУ Гимназија “Сами Фрашери” – Куманово
    ментор проф. Аљбина Авдиљи

    Наградени тудови за основни училишта:

    Прво место - Каја Камелија Колев VIII-В, ООУ “Магдалена Антова” нас. Карпош – Куманово,                                                                  ментор проф. Симона Димковиќ

    Второ место - Канита Алили IX-6, ООУ “Наим Фрашери” – Куманово
    ментор проф. Неџмедин Арифи

    Трето место - Лела Пандиловска VII-2, OОУ “Вук Караџиќ” – Куманово
    ментор проф. Марија Величковска

     На изложбата ќе бидат доделени дипломи и благодарници на наградените ученици и нивните ментори.

    „Идејата на конкурсот беше да се мотивираат учениците во нивните напори за креативно ликовно изразување и валоризација во нивните креативни идеи. За таа цел Центарот за култура предвиде три награди за основните и исто толку за средните училишта како и благодарници за нивните ментори – професори по ликовно воспитување“, велат организаторите.