Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Музеј на град Кратово утре во 12.30 часот, ќе биде отворена изложба на графики од Момчило Аврамовски.
Се работи за триесеттина графики работени во техниката линорез и комбинирана техника, насловени како “Чудесен свет“. Координатор на изложбата е Националната установа Центар за култура “Трајко Прокопиев“ од Куманово. Аврамовски припаѓа на постарата генерација на македонски академски уметници, кои што сé уште се активни, со потврден творечки континуитет. Тој е роден 1935 година во Куманово. Изложбата во Кратово ќе биде поставена до 15 мај.