Изложба на карпеста уметност во Старо Нагоричане
10.06.2015 11:00
| KumanovoNews
Во тренинг центарот „Млади за млади“ во Старо Нагоричане, вчера беше отворена изложба на карпеста уметност.

Изложбата составена од дваесетина експонати е под покровителство на општината, а се организира во соработка со професорот Душко Алексовски. На изложбата присуствуваа и Лоренс Оер, амбасадор на Република Франција во Македонија и Тодор Петров, претседател на Светски Македонски Конгрес како и Ниче Димовски познат македонски писател. Следната година се планира ваква изложба и формирање на трајна поставка.