Изложба на класични автомобили – „Олдтајмери“ во Куманово
10.10.2025 18:12
| KumanovoNews
На Градскиот плоштад во Куманово утре /сабота/со почеток од 11 часот ќе се одржи изложба на класични автомобили – „Олдтајмери“.

Изложбата трета година по ред ја организира клубот „Олдтајмер Витези“.
Според организаторите, годинава се пријавени 100 сопственици на стари автомобили и тоа од цела Македонија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеовина.
Тие ги повикуваат граѓаните да дојдат и да уживаат во несекојдневниот настан.