Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Уметничката галерија во Куманово, утре во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Икони од 19 век т.н. руски икони од кумановскиот регион“ и промоција на каталог.
Пред публиката ќе бидат претставени 15 икони во народот познати како „руски“ од 19 век.
„Презентацијата на овој каталог и изложба претставуваат завршница на осумгодишен конзерваторски проект во кој во повеќе фази се конзервирани околу 80-ина икони кои со првата селекција не беа влезени во постојаната поставка на Галеријата на икони на катот од црквата „Свети Никола“ во Куманово“, соопштуваат од Музеј Куманово.
Автор на изложбата и каталогот е Неда Митковска, виш кустос историчар на уметноста.
Организатор на изложбата е Националната установа Музеј Куманово.