Изложба на скулптури на Соња Поповска-Трајковска во Куманово
Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата “Паралелни светови – талог“ од авторката Соња Поповска-Трајковска.

На изложбата ќе бидат претставени дваесетина скулптури од најновото творештво на оваа скулпторка којашто самостојно
се претставува за прв пат пред кумановската публика.
Соња Поповска-Трајковска родена 1969 во Скопје. Дипломиран скулптор со керамика во Скопје. Работи во различни материјали метал, дрво, керамика. Идејата во своето ликовно изразување ја раскажува и пренесува преку слободни форми во зависност од материјалот во кој работи. Истражувајќи за нови тенденции во изразувањето ја прифаќа современата техника и технологија. На
своите скулптури се обидува да им даде друга димензија преку светло и музика, користејќи ги како одделни медиуми кои ја надополнуваат изразната идеја.
Изложбата ќе биде поставена до 18. септември.