Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Уметничката галерија во Куманово утревечер во 20 часот ќе биде отворена изложба на слики од македонскиот мултимедијален уметник Александар Станкоски.
Изложбата ќе ја отвори Конча Пиркоска, историчар на уметност.
Уметникот е роден во 1959 година во Кичево. Станкоски во 1985 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а во 1988 година бил на студиски престој во Њујорк, Чикаго, Сан Франциско и Келн.
Тој има направено голем број самостојни изложби низ Македонија, во Загреб и Келн. Автор е на неколку видео спотови и кратки играни филмови.
Изложбата ќе биде отворена до 25 - ти септември, а се реализира во соработка со Дирекцијата за култура и уметност од Скопје.