Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово утре во 19 часот ќе биде отворена изложба на слики на авторката Ленче Алексовска.
Изложбата содржи четириесетина слики работени во техниката акрил на платно.
„Со преминувањето од учителка во уметник Ленче Алексовкса го задржа големото капитално У и на неа и се отвори нова етапа во нејзиниот живот и креативен процес. Иако, како поранешна учителка, немала можност целосно да се посвети на своето уметничко творештво, пензијата ѝ овозможи да ги реализира своите долгогодишни сонувања. Во текот на последните години, нејзината страст за сликарството прерасна во вистински израз на личната уметничка инспирација, резултирајќи со создавање на 40-тина впечатливи акрилни платна, кои ја одразуваат не само техничката зрелост, туку и богатата емоционална длабочина. Ленче Алексовкса е еден жив пример дека никогаш не е доцна да се започне и создаде нешто значајно и трајно“, вели графичарот Александар Стефановски.
.
Изложбата ќе биде поставена до 20.февруари 2025 година.