Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, вечерва во 20 часот, ќе биде отворена изложба на слики со наслов “Порака“ од академскиот сликар Роберт Цветковски од Крива Паланка.
Се работи за дваесеттина дела од неговата најнова продукција работени во техниката масло на платно.
Роберт Цветковски е роден во Куманово 1965 година. Дипломирал на Факултетот за ликовна умeтност во Скопје 1989 година во класата на Ана Темкова. Работи во гимназијата во Крива Паланка како ликовен педагог.
Тој учествувал на 60-тина ликовни колонии во Македонија, САД, Турција, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, има повеќе самостојни изложби, бил дел од селектирани групни изложби надвор од нашите граници, а неговите дела се наоѓаат во САД, Кина, Јапонија, Норвешка, Швајцарија, Германија, Египет, Венецуела, Австралија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија, Турција и Македонија.