Изложба на слики за Балканските војни во Македонија
21.10.2013 08:19
| KumanovoNews
Во Уметничка галерија денеска во 12 часот ќе биде отворена историска изложба на слики насловена како “Балканските војни во Македонија 1912 - 1913“.

Ќе бидат поставени фотографии и историски документи. Автори на изложбата се Зоран Тодоровски и Александар Трајановски. Промотор ќе биде професор Марјан Димитриевски.
Народниот Музеј Куманово изложбата ја реализира во соработка со Државен архив на Македонија.