Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„ утре вечер ќе биде отворена Меѓународна изложба на уметничка фотографија „Фото Фокус 2011„.
Отварањето е закажано за 20 часот.
Фото-кино клубот „Козјак 50„ од Куманово и годинава продолжи со своите творечки, излагачки и организациски активности. Клубот освои многу награди и признанија како во Македонија, така на меѓународно поле.
Овогоднинешниот салон „Фото Фокус 2011„ доби патронат од сите светски фотографски асоцијации, кои обезбедија медали за најдобрите фотографии, а потпретседателот на еминентната ФИАП Џеки Мартин го вброи
салонот во десетте најголеми и најважни настани на полето на светската уметничката фотографија. Статистиката на меѓународната изложба Фото Фокус го потврдува истото, имено на истата ни пристигнаа околу 3800 фотографии, од 540 автори од дури 61 земја.