Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Уметничката галерија утревечер во 20 часот ќе се отвори 8 - та меѓународна изложба на уметничка фотографија “Фото салон Куманово 2013“.
Пред граѓаните ќе бидат изложени 120 најдобри фотографии од вкупно 8336 што ги испратиле 629 автори од 70 земји, до организаторот Фото кино клубот Козјак. Сите фотографии се со специјални културни карактеристики што ја прави изложбата со висок уметнички квалитет.
Жирито во состав Душко Јовановски од Македонија, Геза Ленарт од Србија и Марјан Јаневски од Македонија избра 686 фотографии во слободна црно бела тема, 803 фотографија во слободна колор тема, 538 фотографии во тема природа и 613 фотографии во темата живот посветена на дојаенот на македонската фотографија Живко Јаневски.
Посетителите ќе погледнат фотографии на фотографи од Србија, Латвија, Турција, Данска, Канада, Австралија, САД, Израел, Унгарија и други.