×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на уметничка фотографија „Жените и фотографијата 2022“

    09.03.2022 10:14 | Сузана Николиќ

    Фото клубот „Куманово“ во соработка со Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово, по повод Mеѓународниот ден на жената - 8 Март, по девети пат ја организира традиционалната изложба „Жените и фотографијата“.

    Изложба на уметничка фотографија „Жените и фотографијата 2022“

    Изложбата ќе биде отворена утре во 19.30 часот во Изложбениот салон на Центарот за култура, а ќе бидат прикажани 50 фотографии на фотографки од Македонија.

    „На изложбата застапени се две теми. Ставен е акцент на жената - нејзината појава и улоги во еден организиран визуелен облик кој заслужува внимание, и слободна тема како простор за интерпретација на светот околу себе виден преку објективот на жените автори“,  соопштуваат од клубот.

     На фотографиите проектирани се личните доживувања на авторките, на стварноста и феноменот на секојдневието со разновидни стилски определби, но со исти цели во естетска и емотивна основа на творештвото, изразувајќи се во жанрот кој највеќе одговара со нивниот сензибилитет.

    Од клубот велат постојано се зголемува бројот на жени фотографи, а тоа е еден од многуте показатели за нивна се поголема вклученост во оваа креативна дејност. 

    „Меѓународниот ден на жената е потсетник да го согледаме и славиме напредокот на жените низ историјата. Историја која сведочи за борба на храбри и достоинствени жени со цел обезбедување на подобра позиција на жената во сите сфери на општеството. Општество ослободено од стегите на родовата нееднаквост - општество отворено за промени и нови предизвици. Жените преку фотографијата прават вистинска револуција во осознавање на светот, која води кон рушење на поделбите, а со тоа и прифаќање на нови мислења и воспоставување на нови парадигми“, додаваат од клубот.

    Изложбата ќе биде поставена до 23. март годинава.