Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Изложба на слики на академскиот сликар Наташа Петковска, утре вечер ќе биде отворена во Уметничката галерија во Куманово.
“XXV“ е прва самостојна изложба на Петковска. Ќе бидат поставени 25 слики во техника масло на платно, два мозаика и неколку пастели работени во период од 2007 до 2013 година.
Наташа Петковска дипломирала во 2011 година на сликарскиот оддел во класата на професор Симон Шемов и доцент Жанета Вангели на ФЛУ, Скопје. Учествувала на повеќе од 20 групни изложби и колонии во земјава и регионот.
Свеченото отварање на изложбата ќе почне во 19 часот.